Долготрајниот престој на сонце без соодветна заштита може да доведе до сончаница, што може да биде опасна без лекарска помош. Нутриционистката Сандра Крстев Бараќ нуди неколку совети кои може да помогнат во случај на сончаница доколку сте дома.
Превенцијата е најважна
Симптомите на сончаница вклучуваат покачена температура (до 41 степен), црвена и сува кожа, забрзан пулс и проблеми со дишењето, а личноста може и да почувствува главоболка, вознемиреност и замагленост.
Доколку овие знаци се игнорираат и се продолжи излегувањето на сонце може да се појават потешки симптоми, како омалаксаност, зуење во ушите, несвестица, па дури и кома и смрт. Затоа, треба да се потрудите да не стигнете до овие симптоми. Доколку сепак забележние знаци на сончаница, има некои мерки што може да ги преземете.
Прва помош кај сончаница
Доколку се сомневате дека имате сончаница најдобро е да се советувате со лекар, а во меѓувреме да седите во ладна просторија, да го отстраните вишокот облека и да се искапете со студена вода. Може да се обидете и со разладување со студен пешкир. Потребно е да се пијат течности но почесто, а во помали количини. Не се препорачуваат кофеински и алкохолни пијалоци.
Фото: Pixabay
Изотонични пијалоци
Се препорачува пиење изоточни пијалоци, кои се подготвуваат со мешање на вода со свеж овошен сок од портокал, јаболко, лимон или грејпфрут. Измешајте 200 милилитри овошен сок со 800 милилитри вода и еден грам сол и добро изладете го сокот.
Изедете нешто солено
Во случај на сончаница може да ви помогне и нешто солено, како крекери. Веднаш по јадењето испијте многу вода. По сончаница се препорачуваат и свежо овошје и зеленчук, како лубеница, диња или краставици. Може да се изеде и банана, а се препорачува и супа.
Треба да се консумираат намирници и оброци што се полни со течност и лесно се варат. Со подобрувањето на состојбата постепено може да се вратите на старата исхрана.
Извор:
DDL