X
 02.08.2016 Технологија

Нелегалниот стриминг стана доминантен во онлајн пиратеријата

Онлајн пиратеријата на интернет од нелегално преземање, се префрли на нелегален видео стриминг, односно страни кои обезбедуваат пристап до филмска и телевизиска содржина, вели најновото истражување за следење на пиратеријата, спроведено од компанијата „Мuso“.

 

пиратерија


Истражувањето го следело сообраќајот на 14.000 од најголемите пиратски сајтови, каде имало над 141 милијарда посети од 200 милиони мерени уреди. Наодите укажуваат дека компаниите за забава и медиуми треба будно да ги следат нелегалните сајтови за стриминг.

Сајтовите за стриминг сочинуваа 73.7% од 78.5 милијарди посети за пристап до пиратските филмски и телевизиски содржини минатата година. Ова се сајтови кои нелегално поставуваат стримови од целосни филмови или телевизиски емисии и генерираат приходи од рекламите.

Сајтовите на кои се наоѓаат торентите претставуваат само 17.2% од вкупниот број на посети на пиратските сајтови, додека директното преземање на сајтовите сочинуваат само 0.01%. Посетата на страните за торенти се намали за 19% во втората половина на 2015 година во спореедба со првите шест месеци од оваа година.

Вистинската цена на пиратската содржина на филмот и забавната индустрија е релативно двосмислена. Неколку истражувања се обидоа да дадат одговор на ова прашање, меѓутоа постојано се оспорувани нивните методологии и резултати. Едно често цитирано истражување од 2006 година, нарачано од „Motion Picture Association of America“, спроведено од Институтот за политички иновации покажа дека филмската пиратерија ја чини американската економија околу 20.5 милијарди долари годишно.

Нелегалниот стриминг има потенцијал да им наштети не само на релевантните медиумски компании туку и на потрошувачите. Околу половина од рекламите кои се наоѓаат на нелегалните спортски стриминг сајтови имаат малвери. Преку укажувањето на ризиците од посетата на нелегалните стриминг сајтови, медиумските компании можат да ги убедат корисниците да се одлучат за легалната стриминг претплата или купување на содржината.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија