X
 14.09.2016 Наука

Зошто неуспехот не` води чекор поблиску до успехот?

Често пати во нашата глава си велиме дека мораме да успееме во нешто и да дадеме се' од себе за да не се соочиме со неуспехот.

uspeh

Меѓутоа, потребно е да знаете дека неизбежен е повремен неуспех. Неуспехот во одредена задача, особено онаа во која сте вложиле многу време и напор навистина разочарува. Меѓутоа со тоа очајно чувство на неуспех доаѓа еден неочекуван подарок: изборот! Дали ќе се откажете еднаш засекогаш, дали ќе се обидете повторно на истиот начин и дали ќе научите од грешките пред да продолжите понатаму. Секако, ова последното треба да биде вашиот избор.

Истражувањата покажаа дека учењето од грешките всушност ви помагаат во успехот понатаму. Не само што неуспехот ви помага да успеете, туку и ви помага да постигнете многу повеќе отколку што би постигнале првиот пат. 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука