X
 27.10.2017 Наука

Решете ја загатката и откријте дали можете да станете астронаут

квиз
Фото: Facebook

Еден од најпознатите британски астронаути, Тим Пик, ги предизвикува интернет-корисниците со навистина интересни загатки.

На неговата фејсбук-страница, Пик им постави прашање на фановите што го извлече од неговата нова книга „Ask an Astronaut“.

Во прашањето, корисниците гледаат илустрација од кутија со точка на средина. Кутијата може да биде преместена со вртење налево, право (кон вас) или наназад (подалеку од вас). Потоа, ментално, од вас се бара да ја поместите кутијата по следната шема: напред, лево, лево, напред, десно, назад, десно.

Откако ќе го направите тоа, одговорете каде завршува точката по нејзиното кратко „патување“.

Погледнете подолу и видете дали можете да откриете.



Ова било прашањето што Тим и другите астронаути морале да го одговорат пред да бидат избрани за патување во вселената.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука