X
 28.01.2018 Наука

Кој го измислил научниот метод?

Историјата е преполна со заборавени херои. Некогаш други ја зеле заслугата, а некогаш хероите биле жени, но живееле во свет во кој доминираат мажи. Некогаш, пак, западниот свет одлучувал дека одредени лица нема да бидат вклучени во историските книги. Сигурно не сте чуле за Ибн ал-Хајтам, човекот кој ја измислил науката.



Бил роден во сегашна Басра, Ирак, околу 965 година, а на почетокот од 11 век се преселил во Каиро. Иако деталите не се баш познати, се знае дека имал навистина впечатливи интелектуални способности и имал навика да лути погрешни луѓе.

Неговиот прв голем проект била брана што можела да го регулира текот на Нил, но за кратко време сфатил дека би била непрактична. Потоа работел администрација, која не му одела баш од рака, а се смета дека тој лажирал лудило за да се заштити од гневот на владетелот, кој сакал да го стави во домашен притвор. По сè изгледа таквиот затвор на Ибн му бил од корист. Пишувал научни текстови и докажал дека светлината патува по права линија, демонстрирал како функционира огледалото и дал точен аргумент дека светлината се прекршува кога патува низ вода. Најверојатно, неговиот најголем придонес за науката е и самата наука, односно научниот метод. Тој сакал да му покаже на светот што пронашол и како, па и сакал светот да ги испроба неговите експерименти. Така, ги документирал експериментите во над 40 академски трудови, во кои се зборувало и за однесувањето на светлината, за движењето на планетите, како и за архитектурата и инженерството.

Ибн ал-Хајтам не е баш познато име на Западот. Сепак, неговата влијателна работа - „Книга за оптиката“ е преведена на латински јазик 100 години по неговата смрт. Дури и Леонардо да Винчи ги читал неговите записи. Нема сомневање дека европската наука била трансформирана врз основа на пристапот на Ибн.

Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука