X
 28.10.2017 Технологија

Скршените телефони се минато - пристигнува супер екран!

екран
Фото: Thinkstock

Кршењето на екранот на преносните уреди наскоро би можело да стане минато, со оглед на тоа што британски научниси создадоа евтин, флексибилен екран од сребро и графен.

Научниците од Универзитетот во Сасекс откриле дека комбинирајќи го графенот, материјал направен од еден слој на јаглеродни атоми, со нано жици од сребро, може да се направи екран што изгледа нормално, но има поголема еластичност.

Покрај тоа, овој материјал е доста флексибилен, што занчи дека на паметниот телефон нема да му биде потребно заштитно стакло, бидејќи ќе биде направен од материјал што е флексибилен и помалку кршлив.

„Екранот што се користи денес е направен од индиум-калаев оксид (ITO). Овој материјал е многу кршлив и мора да се стави на силна и тврда стаклена површина. Доколку го пуштите телефонот, овој слој пука. Со нашиот изум, нема да биде потребна тврдата стаклена површина, бидејќи нашиот слој од сребрени нано жици и графен е доста флексибилен. Со тоа, помала е веројатноста вашиот екран да се скрши ако телефонот ви падне“, вели главниот истражувач на проектот, Метју Ларџ.

Иако среброто е редок метал, во комбинација со графен, потребна е мала количина за обложување. Графитот, материјалот од кој се добива графенот го има во големи количини, што значи дека трошоците за изработка на екранот треба да бидат мали.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија