X
 09.06.2022 Образование

Половина милион луѓе го гледаат додека учи на „Тик-ток“

Јехја Мугарбеи е студент на Универзитетот во Сари, Велика Британија. Освен учењето и испитите, овој 22-годишен студент има и дополнителен притисок бидејќи додека учи, го гледаат половина милион луѓе на социјалната мрежа „Тик-ток“.

Сè почнало во текот на пандемијата, кога тој сакал да ја импресионира девојката што му се допаѓала, а која мислела дека тие не може да бидат заедно. Тој почнал во живо да го пренесува процесот на учењето на „Тик-ток“ за да ја импресионира, но истовремено импресионирал илјадници луѓе. Кога го видел интересот, Мугарбеи почнал редовно да го пренесува своето учење во живо.

@ymoug #ad I can study for hours because I’m dedicated and inspired 🐣. What inspires you? #differencemakers #realdiffmakers @RealDiffMakers ♬ original sound - ymoug


Неколку пати неделно ова момче го поставува телефонот во својата соба и во живо го пренесува своето учење. Неговите сесии може да траат по неколку часа. Во учењето тој ја користи следната техника - учи 50 минути, а потоа прави пауза од 10 минути и тогаш зборува со гледачите и одговара на нивните прашања.

Најчесто неговите сесии се навечер, а неговите следбеници на социјалната мрежа се известени за секоја следна сесија. Неговиот најдолг пренос досега траел 12 часа бидејќи се подготвувал за испит кој бил закажан за следниот ден.

Многу негови следбеници коментирале дека тој им помогнал во нивното учење.

Извор: Studenti
Насловна фотографија: Tiktok (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование