Данската влада планира да исплати 75% од платите на работниците во приватниот сектор доколку работните места им се загрозени поради кризата поврзана со коронавирусот. Еден од условите е ветување од работодавците дека нема да ги отпуштат овие вработени.
Претставувајќи го планот договорен со претставници од компаниите и синдикатите, данската премиерка Мете Фредериксен изјавила на прес-конференција дека владата разбира дека би можела да се појави потреба од испуштање на некои работници поради недостигот на работа, но испратила апел до работодавците да не го прават тоа.
Планот се однесува на периодот од 9 март до 9 јуни, а максималната субвенција ќе изнесува 23.000 дански круни (3.067 евра) месечно. Компаниите ќе мора да го исплатат остатокот од платата, пренесува „Ројтерс“.
Од работниците ќе се бара да земат пет дена платен или неплатен одмор, додава премиерката.
Ларс Сандал Соренсен од Данската индустриска конфедерација изјавил дека со оваа мерка ќе им се помогне на десетина илјади компании, предупредувајќи дека многу фирми се во очајна состојба. Лизет Рисгард од Данската синдикална конфедерација изјавила дека вонредните времиња бараат вонредни мерки.
Данска досега има два смртни случаи од
коронавирусот, изјавила премиерката.
Извор:
index.hr