X
 03.11.2017 Технологија

Како да ги избегнете петте најчести измами на „Пејпал“


PayPal страница на интернет
(Фото: Profimedia)


Популарниот сервис за безбедно онлајн-плаќање  најчесто ги контактира своите корисници преку имејл, што упатува дека постојат илјадници луѓе на интернет кои се обидуваат да го злоупотребат тоа.

За да ги избегнете многуте замки што измамниците и хакерите ги поставуваат за да стигнат до вашите информации и потенцијално до бројот на вашата кредитна картичка, најдобро е да се побара помош во самиот избор. Еве ги мерките на претпазливост што на своите корисници им ги препорачуваат од  „Пејпал“:

Внимавајте на лажните „службени имејли“


Измамниците на интернет често користат „пријателски имиња“ за да ја насамарат жртвата и да ја натераат да кликне на некој опасен линк. Некои клиенти за електронска пошта не секогаш ја прикажуваат адресата од која ја испраќаат поштата. Ако со глувчето поминете преку името на испраќачот и притиснете „replay“, адресата ќе ви се појави во целост. Понапредните измамници многу често го менуваат целото име за да изгледа како „оригиналот“, затоа водете сметка за типфелерите. Препознавањето на вистинскиот испраќач е многу важен чекор кон безбедноста, но понекогаш  е недоволен. Кога го проверувате вашиот профил, задолжително одново впишете ја адресата www.paypal.com наместо автоматски да кликате на понудената адреса во самата порака.

Ако звучи преубаво за да биде вистинито, внимавајте!


Многу често на глобалната мрежа нашата претпазливост паѓа во вода. Ако некој ви нуди пари, секогаш постои некаква замка. На пример, измамниците ќе ве замолат да им пратите некаков симболичен износ пред да ви ја пратат целата сума. Таа „голема сума“, погодувате, никогаш нема да стигне.

Доколку забележите имејл кој ве известува дека сте добиле некаква уплата преку „Пејпал“, активирајте го вашиот прегледувач и рачно сурфајте до адресата на „Пејпал“, па таму проверете ја сметката и погледнете дали навистина сте добиле уплата. Исто како и при гореспоменатите случаи, никако немојте да кликате на линкот што се нуди во пораката.

Внимавајте на очигледните знаци на измама. Најдобри примери се пораките кои од вас бараат да платите мал износ за да добиете големи пари. Истото важи и за пораките со содржина „дејствувајте веднаш“, кои сметаат на избрзаноста и наивноста на корисниците со цел да извлечат клучни информации од нив.

Тука се и лажните хуманитарни организации. Измамниците ги користат природните катастрофи за од лекоумните интернаути да извлечат пари или лични податоци. Внимателно проверете од каде доаѓа пораката пред несебично да донирате.

Добри места на кои можете да почнете со пребарувања се следните:

•    http://www.charitynavigator.org
•    http://www.bbb.org/us/charity
•    http://www.charitywatch.org/

Чести измами

Ова се само некои често методи што ги користат измамниците на интернет и кои, меѓу другото, се насочени и кон корисниците на „Пејпал“:

•    Закана дека вашиот профил ќе биде затворен;
•    Сте добиле уплата;
•    Сте платиле повеќе пари.

Како да се препознаат вистинските имејли од „Пејпал“?

Поштата што ќе ја добиете од „Пејпал“ ќе стигне од адресата PayPal.com. измамниците многу лесно можат да го „имитираат“ познатото име, но кога ќе стигнат до полниот назив – веќе настанува проблем. Добар пример за „лоша“ маска на пример е „PayPal Service (zxk1942R3@gmail.com)“. „Поелегантните“ измамници понекогаш ќе го имитираат целосното име, што значи дека ќе треба да препознаете и некои други траги на измама.

Имејл што стигнува од „Пејпал“ нема од вас да бара информации како лозинка, број на картичка или име на банката. Тие исто така од вас нема да бараат да инсталирате или да преземете некаков софтвер.

Лажни линкови во имејлот

Ако во пораката добиете линк, задолжително проверете за што се работи пред да кликнете на истиот. Ова направете го така што со глувчето ќе поминете преку линкот без да кликнете на него. Ако курсорот накратко го оставите над линкот, ќе ја видете вистинската адреса. На пример, линкот можеби ќе изгледа како www.paypal.com/SpecialOffers, а кога ќе поминете со курсорот над него, ќе се покаже нешто сосема поинакво.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија