Основачот и директор на компанијата „Тесла“ и „Спејс екс“, Илон Маск, нема работно биро во својата канцеларија, а со оглед на тоа дека прави база каде и да се појави проблем, веројатно не би го ни знаел одговорот на прашањето каде е неговата главна канцеларија.
фото извор: Think Marketing
„Секогаш ги преместувам својот стол и биро и всушност во моментов ги немам. Преместувам сè онаму каде што компанијата има најголем проблем. Верувам дека лидерите мора да бидат први на линија и затоа сум овде“, рекол Маск.
Во моментов неговото работно биро се наоѓа во „Гигафакторија“ во Спарк, Невада, каде што е произведен „Модел 3“.
Меѓутоа, тоа не е сè што работи
Маск во Гигафакторија. Имено, првиот човек на „Тесла“ и „Спејс екс“ признал дека спиел на подот од фабриките и тоа додека бил настинат.