Погледнете ја фотографијата подолу. Обичен маж од средни години, вообичаен изглед на возрасен бел маж.
фото извор: BBC Future
Всушност, гледате во лице на американската политика во 2017 година. Ова е слика на американскиот Конгрес – сите 100 сенатори и 435 члена на Претставничкиот дом, сплотени во еден. Сликата е креирана од „Би-би-си фјучр“ за да покаже како изгледа лицето на политиката.
Истражувањата покажуваат дека луѓето често гласаат врз основа на тоа како изгледаат политичарите. Во идеалниот свет, политичарите треба да бидат одраз на нашето општество и општеството кон кое се стремиме. Според техниката на композити на лицето денес се утврдуваат специфичните делови на лицето кои се поврзуваат со одредени карактеристики, како доверливост, свесност и привлечност. Просечните лица имаат тенденција да бидат субјективно попривлечни од повеќето индивидуални лица.
Кај американските политичари има сличности, како на пример, полот и расата. Сликата што ја гледате прикажува бел маж. Иако 115. Конгрес има најголема комбинација на етнички групи од кога било претходно, сепак доминира белата раса, со 80 %. Има разлики во диверзитетот помеѓу партиите. 95 % од републиканците во 2017 година не се нехиспанско бели, во споредба со 63 % од демократите.
Во Конгресот има 47 Афроамериканци, а мнозинството од нив (44) се демократи. Сите 13 Азијати се исто така демократи. Од хиспанските членови (вкупно 38), 28 се демократи, а 10 републиканци. Според резултатите од креирањето слика на американскиот политичар, демократите изгледа дека имаат пополни усни, потемни очи и за нијанса послабо
лице од републиканците. За некои луѓе, пак, републиканците изгледаат помоќно, а демократите имаат потопли лица.
Исто така, бројката на жени кај демократите е поголема, односно една третина од жените се демократи, а кај републиканците жените се застапени со 9%. Во американскиот Конгрес, во моментов, жените се застапени со 20%. Британците во овој случај можат да се пофалат – досега имале две жени за премиер.
Просечното лице според резултатите спаѓа во средни години. Па така, најмладиот член на Конгресот има 33 години. Просечната возраст на сите членови е 60 години, а околу 33% од Конгресот се членови над 65 години.
Во изминатите години Конгресот напреднал како претставничко тело. Но, сепак, има уште долг пат за се рефлектира на американската популација. Ова е важно поради тоа што политичките одлуки ги обликуваат животите и иднината, а најдобар начин за оние што ги носат одлуките, да го разберат начинот на кој ги обликуваат животите, е, се разбира, да ги разберат луѓето кои ги претставуваат.