X
 07.11.2017 Живот

Депресивната вистина зад добрите фотографии

Ако се замислите себеси дека стоите на работ на Тролтунга, на 700 метри над езерото Рингедалсватнет во Норвешка, ќе имате чувство дека сте на работ на Земјата.

фото извор: Instagram

Фотографиите на познати места што се појавуваат на социјалните медиуми можат да направат да поверувате дека се работи за најопасните и најдалечни места што постојат, но постои друга вистина зад екраните. Во реалноста, се работи за места кои се преполни со туристи што се обидуваат да ги направат најдобрите фотографии. Кога се работи конкретно за Тролтунга, место кое е често споделувано од патници, има редици луѓе кои чекаат со часови за да добијат една минута во која ќе успеат да создадат фотографии како спомен од ова место.

фото извор: Supplied

Ако ги прочитате освртите што се споделени на „ТрипЕдвајзор“, ќе наидете на многу поплаки затоа што на местото има премногу луѓе. Многумина советуваат дека на Тролтунга треба да се пристигне во 6 часот наутро за да се избегне хаосот. Но, и покрај сите овие коментари, несомнено е дека се работи за магично искуство бидејќи природните пејзажи се воодушевувачки. Глечерски езера и планини кои навистина даваат до знаење колку се всушност луѓето мали, а природата моќна, застрашувачка и воедно прекрасна.
 
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот