Тим хемичари кои работат во лабораторијата за молекуларна биологија во Кембриџ, Велика Британија веруваат дека ја решиле мистеријата за почетокот на животот на Земјата пред приближно четири милијарди години.
Во нивното
истражување објавено во списанието „Nature chemistry“, тимот објаснува како биле идентификувани реакции кои ги предизвикале состојките потребни за метаболизам и создавање на протеини и молекули на рибонуклеинска киселина, како и создавањето на липидите кои формираат клеточни мембрани.
Научниците дискутирале на темата со години. Аргументите само се зголемуваат. Новото истражување можеби претставува начин да ја покаже точноста на некои од аргументите.
Тие тврдат дека може да го покажат тоа само со водород сулфид, водород цијанид и ултравиолетова светлина. Со овие три состојки научниците произвеле повеќе од 50 нуклеински киселини - претходниците на молекулите на ДНК и РНК.
Се забележува дека метеоритите со себе ги носеле овие состојки кои реагирале со водородот веќе присутен во атмосферата, со што се создало многу водород цијанид. Тој лесно можел да биде во контакт со водородот сулфид, што било изложено на ултравиолетова светлина од Сонцето.
Можеби овие научници ќе бидат оние чија работа ќе се помни со милениуми.