X
 08.11.2017 Технологија

„Фејсбук“ воведе нова опција - корисниците сами ќе креираат анкети


Фејсбук на мобилен телефон
(Фото: Getty images)


Компанијата „Фејсбук“, по купувањето на анкетната апликација за тинејџери „tbh“, на корисниците на својата социјална мрежа им овозможи и креирање анкети слични на оние што се веќе присутни на „Инстаграм“.

„Фејсбук“ воведе нова опција која на корисниците им овозможува сами да креираат анкета со две прашања, по што нивните пријатели и следбеници ќе можат да гласаат на „Њузфид“.

Новата можност е достапна на десктоп и на мобилната верзија на „Фејсбук“, а освен поставувањето на најмногу две прашања, ќе можат и да се прикачуваат фотографии и гифови со секој одговор.

Она што треба да се истакне е дека анкетите не се анонимни, така што лицето што креирало анкета, како и сите што гласале, ќе може да го види вашиот одговор. Исто како што и анкетите на „Инстаграм“ не се анонимни.

„Фејсбук“ и претходно експериментираше со анкети, но немаше константен начин кој би функционирал на страниците и на стандардните профили.

Сега, по купувањето на апликацијата „tbh“, анкетните апликации станаа многу популарни кај тинејџерите, па се чини дека „Фејсбук“ одлучи да посвети повеќе внимание на ваквите опции.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија