X
 24.04.2019 Технологија

Австрија ќе го забрани анонимното коментирање на интернет?

Анонимноста на интернет може да доведе до фатални исходи. Коментарите на интернет, покрај тоа што се само зборови, можат да бидат злонамерни и штетни, толку многу што некои луѓе решаваат и да ги напуштат социјалните мрежи. Не е јасно дали таквите злонамерни коментари некогаш ќе исчезнат, но во Австрија има иницијатива да се направи нешто за тоа.

Имено, тамошната влада изготви нацрт-закон кој во суштина би го направил анонимното коментирање на веб-страници незаконско. Така всушност би се барало од корисниците да ги регистрираат нивните вистински имиња и адреси при коментирањето на интернет, што би им наметнало поголема одговорност на корисниците на интернетот.

Сè уште би можел да се користи јавен прекар, но поради тоа што во овој случај тој би бил регистриран, следењето на злонамерните коментари до нивните креатори би било полесно. Доколку се усвои законот, тој ќе се применува само на страниците што имаат повеќе од 100.000 регистрирани корисници или кои заработуваат повеќе од 500.000 евра годишно или добиваат парични субвенции поголеми од 50.000 евра.

Постои загриженост во врска со овој закон и сомнежи дека некои групи би можеле да го злоупотребат, како што се оние групи што шират омраза и пишуваат злобни коментари, кои можеби немаат толку голема база на корисници, со што е спречено законот да има какво било влијание над нив.

Тука е и прашањето за приватноста бидејќи е потребна адреса, што значи дека ќе има повеќе податоци што ќе бидат ранливи доколку хакерите некогаш упаднат во страницата. Во секој случај, доколку се усвои, се очекува законот да стапи во сила во 2020 година.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија