09.11.2017
Образование
АНКЕТА: Им требаат ли паметни телефони на децата во училиште?
Паметните телефони станаа составен дел на нашето секојдневие. Од тој тренд не се поштедени ниту децата, кои освен што ги користат за комуникација со родителите или со своите другарчиња, честопати и ги злоупотребуваат, особено кога се на училиште.
Загрижени од сè почестите немили настани кога се случува врсничко насилство или недолични интернет-содржини кои им се достапни и за време на часовите или на паузите, Факултети.мк ја отвора оваа анкета сакајќи да дознае дали навистина на нашите деца им требаат паметните телефони додека посетуваат настава.
Анкетата е наменета и за родители и за наставници.
Ве молиме одговорете на овие прашања:
Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска / srebra.gjorgjijevska@fakulteti.mk