X
 10.11.2017 Живот

Први слики од мајка со рисче на Јабланица

По подолг мониторинг на Програмата за заштита на балканскиот рис што ја спроведува Македонско еколошко друштво сликана е мајка рис со младо на планината Јабланица. МЕД досега преку методот на фото-замки има слики од три риса на Јабланица но ова е првпат да има слика од мајка со рисче.



- Сликите ги добивме од Ловечкото друштво „Черн Камен“ од Вевчани со коешто соработуваме две години. Ова е одличен податок којшто покажува дека овој загрозен вид се размножува и надвор од неговото јадрово подрачје а тоа е националниот парк Маврово, изјави Диме Меловски, раководител на програмата за заштита на балканскиот рис од МЕД.



Во рамки на Програмата за заштита на балканскиот рис постои мониторинг мрежа составена од ловџии, шумари, ветеринари и љубители на природа коишто доколку видат или сликаат рис или жртва од рис, тоа веднаш го известуваат во МЕД. Примери за успешна соработка на Македонско еколошко друштво со ловечките друштва кои се концесионери во Западна Македонија се и сликите што ги имаме добиено од ловното друштво „Питон“ од Охрид на мајка со младо на Караорман во 2014 година како и од друштвото „Еко фазан“ од Кичево коишто на почеток на оваа година ни испратија видео од мајка со младо забележани на преминот Буковиќ (Стража).



МЕД уште од 2008 година лобира Јабланица да стане Национален Парк поради богатите природни вредности, но и нејзината важност како биокоридор за крупни ѕверови меѓу кои и критично загрозениот балакнски рис. Делот на Јабланица во Република Албанија е прогласен за национален парк уште во 2008 година.



ПО 11 ГОДИНИ ВО МАКЕДОНИЈА Е ФОТОГРАФИРАНО РИСЧЕ
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот