X
 01.02.2018 Живот

Рисчето Деки стана рис!

Годинава рисот Деки ќе наполни 6 години! Македонското еколошко друштво (МЕД) веќе петта година го следи овој шумски убавец што првпат беше регистриран со помош на фотозамка во 2013 година. На првата фотографија (лево) осуммесечниот Деки е сликан како се движи веднаш зад неговата мајка во Националниот парк „Маврово“.



„Од февруари до јуни 2015 година движењето на овој рис го следевме и со помош на GPS околувратник. Така успеавме да утврдиме дека Деки е своевиден рекордер во однос на неговата индивидуална територија, којашто зафаќа 888 km2 и двојно ја надминува онаа на неговите соседи, рисовите Мартин и Марко“, велат од МЕД.

Подолу е Деки како тинејџер (лево) и како возрасен рис (десно).



Истражувањата за балканскиот рис Македонско еколошко друштво ги спроведува 12 години во рамки на Програмата за закрепнување на балканскиот рис на територијата на Западна Македонија.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот