X
 31.05.2019 Живот

Украдени камери за следење на рисот во Маврово

Непознати сторители украле две видеокамери со кои се следи движењето на животните и рисот во националниот парк Маврово.

Според СВР Тетово, кражбата вчера ја пријавил член на ренџерската служба.

Според пријавата, во периодот од 29 март до 28 мај годинава засега непознати сторители украле две видеокамери, кои биле поставени во атарот на селото Требиште во месноста „Солиште“. Украдените камери, сопственост на НП „Маврово“, се користеле во рамките на проектот „Заштита на балканскиот рис“.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот