X
 12.11.2017 Култура

Необичен споменик во Берлин, пред Бранденбуршката порта


Авторот на необичниот споменик во Берлин
(Фото: Getty images)


Уметник со потекло од Сирија, постави три исправени автобуси веднашдо Бранденбуршката порта во Берлин, за да потсети на страдањата на цивилите во Сирија, држава која е уништена од граѓанска војна.

***

Поставката „Споменик“ на уметникот Манаф Халбуни претставува копија на заштитна бариера од автобуси поставени во една улица во сирискиот град Алепо, заради заштита на жителите од снајперски оган.

***

Делото на Халбуни претходно беше поставено пред Богородичната црква во Дрезден, која е симбол на повторното раѓање на тој германски град по неговото уништување во Втората светска војна. Десничарските групи го критикувале тој чин.

***

Халбуни вчера истакна дека симболиката на неговото дело е „подеднакво силна“ и во Берлин, додавајќи дека „многу е важно да се продолжи дискусијата, особено во главниот град на Германија“.
Подготвил: Б.Б.

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура