X
 21.02.2017 Образование

Уметнички професии со кои одлично се заработува

Уметничките професии во главно важат за оние кои не носат многу пари, а на уметност се посветуваат оние кои толку многу ја сакаат својата работа, што не им е важно колкави приходи ќе имаат за живот.

уметници


Некои уметници кои својата професија ја споиле со современата технологија, имаат можност да го работат она што го сакаат и од тоа одлично да заработуваат.

Видео-монтажери

Содржините на видеата добиваат сѐ повеќе на значење, заедно со анимацијата, како и програмите за манипулација и средување на видео материјал. Монтажерите се потребни насекаде: во телевизиските куќи, на онлајн порталите, во маркетинг секторот, во филмската и музичката индустрија итн.

Копирајтери

Иако се мисли дека ова е вештина која е слабо платена, денес на пазарот се почитуваат оние кои поседуваат книжевен талент. Тие се дел од правење на портали, каталог, промотивни материјали, сценарија за реклами, емисии и многу други.

Дизајнер на ентериер


Ова е една од најкреативните и најинтересните професии, а воедно одлично е платена. Обично се ангажирани од клиенти кои имаат доволно да им платат, а заради долготрајноста и специфичноста на услугата, работат на мал број проекти, но за цифра која им  обезбедува повеќе од пристоен живот.

Графички дизајнери

Овие стручњаци се потребни во секоја фирма заради креативноста и инвентивноста и затоа што одлично знаат да работат со соодветни програми за дизајн. Тие прават логоа, визит карти, флаери, постери, каталози, билборди и не е чудно што се барани на пазарот на трудот.

Медиумски и уметнички продуценти

Продуцентите претставуваат мултимедијални уметници, кои работат на еден проект од почеток до крај. Тие се одговорни за производство и дистрибуција на мултимедијална содржина, а за тоа добиваат и високи суми за проектите на кои се ангажирани.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование