Фото: Robert F. Bukaty
Вчера, ноќното небо ни понуди вистински спектакл - можевме да ги видиме двете наши соседни планети, Јупитер и Венера една до друга. И покрај тоа што планетите беа оддалечени стотици милиони километри, тие вчера можеа да се видат една близу друга.
Иако овој настан не е непознат за астрономите, астрономот Марк Томсон вели дека ретко се случува овие две планетарни тела да се појават толку блиску на небото.
Во продолжение погледнете како изгледаше овој феномен во различни делови од светот.
Ако случајно го пропуштивте овој феномен вчера, луѓето од Северна Америка и Европа, доколку имате чисто небо, денес (14 ноември), ќе имате шанса да ги видите двете планети заедно после 5 часот наутро.
Подоцна овој месец ќе се случи уште
едно планетарно вкрстување помеѓу Сатурн и Меркур.