X
 23.04.2015 Наука

25 години од лансирањето на вселенскиот телескоп Хабл

Пред 25 години НАСА го лансираше вселенскиот телескоп Хабл, на 24 април 1990 година. Проектот вреден 2.5 милијарди долари го трансформира начинот на кој јавноста и научниците размислуваа за епскиот размер и космичките објекти во просторот.

 

habl


Телескопот е опремен со камери и инструменти способни за снимање на фотографии од вселената на оддалеченост од 3.4 милијарди светлосни години. Од 1990 година има направено околу 1.2 милиони опсервации, правејќи целосна орбита околу Земјата на секои 97 минути, патувајќи на 27.358 километри на час.

Вселенскиот телескоп последно бил сервисиран во 2009 година и најверојатно, ќе ја заврши својата мисија во наредните пет години, а потоа со работата ќе продолжи неговиот наследник вселенскиот телескоп Џејмс Веб, кој се очекува да започне во 2018 година. Исто како Хабл, и Џејмс е дизајниран за да ни помогне да погледнеме многу подлабоко во вселената од било кога досега, со надеж дека ќе овозможи краток поглед на некои од првите галаксии кои се формирале на почетокот на вселената.

Фотографиите кои следуваат се доказ дека вселената е неверојатно голема, а ние успеваме да научиме се` повеќе и повеќе со напредокот на технологијата.

 

Линк до галеријата.

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука