X
 09.07.2023

Фотограф успеал да фотографира атмосферски сјај сличен на аурора бореалис

Фотографот Арон Ватсон од Колорадо успеал да направи неверојатна фотографија од живописни зелени ленти на ноќното небо во близина на неговиот дом.

На почетокот, фасцинантниот приказ изгледал како аурора бореалис. Но, Вотсон подоцна сфатил дека станува збор за атмосферски сјај кој е поинаков.

- Атмосферскиот сјај се случува кога атомите и молекулите во горниот дел од атмосферата испуштаат светлина за да го исфрлат вишокот енергија. Или тоа може да се случи кога атомите и молекулите што биле јонизирани од сончевата светлина заробуваат електрон. Во двата случаи тие исфрлаат честички светлина наречени фотони со цел повторно да се релаксираат - објаснува НАСА.

sjaj
Фото: Aaron Watson / Skies Alive Photography

Но, за разлика од арурора бореалис, атмосферскиот сјај е константен и ја опкружува целата планета.

- Атмосферскиот сјај е сличен на аурора бореалис, но аурора бореалис е управувана од високоенергетски честички кои потекнуваат од сончевиот ветер, додека атмосферскиот сјај се напојува со обично, секојдневно зрачење - додава НАСА.

Извор: Petapixel.com
Фото: Aaron Watson / Skies Alive Photography
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk