X
 16.11.2017 Наука

Песна што ги прави децата среќни

Понекогаш да се смирите бебе што плаче е како да се обидувате да детонирате бомба. Ако не знаете што друго да направите, тогаш обидете се да го смирите детето со научно креирана песна која децата ги прави среќни. Токму така и е наречена - „Среќна песна“.

фотоизвор: curiosity.com

Каспар Адиман, експерт за детски развој, и Лорен Стјуарт, музички психолог, стојат зад оваа песна за која е научно докажано дека ги усреќува бебињата. Тие почнале да истражуваат и откриле дека бебињата подобро одговараат на експлозивни вокални звуци како „па“ и „ба“ отколку на звуци како „ла“.

Тимот добил помош од композиторката Имоген Хип, која е мајка на дете од 18 месеци. Таа ги презела среќните звуци што биле собрани во истражувањето, додала уште неколку и креирала мелодија. Песната вклучува женски вокали, има едноставна и повторувачка мелодија. Песната ја испробале на 20 деца и кај сите имало позитивни реакции.

Експертите планираат да ја искористат песната за низа експерименти во однос на тоа како родителите да им ја презентираат музиката на децата и се надеваат дека ќе пронајдат уште психолошки одговори на бебињата, што се однесува до музиката.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука