Граѓаните на Македонија би биле задоволни со просечна плата од 565 евра, додека, од друга страна, граѓаните на Хрватска очекуваат дупло повеќе - 1.300 евра.
Тоа го покажаа резултатите од големото регионално истражување за очекувањата на луѓето поврзани со изборот на работното место, спроведено од веб-страницата „Poslovi.infostud.com“.
Најниска просечна плата очекуваме ние, Македонците, додека граѓаните на Босна и Херцеговина би биле задоволни со плата од 700 евра. Србите, пак, би биле среќни со просечна плата од 600 евра.
Во истражувањето учествувале 4.000 испитаници. Интересен е фактот што невработените испитаници во просек очекуваат околу 100 евра помала заработка од оние што веќе се во работен однос. Исто така, уочена е иста разлика од околу 100 евра во очекувањата на машките испитаници наспрема женските, бидејќи жените исто така очекуваат помала месечна заработка.
Испитаниците од четирите земји од
регионот се согласуваат дека меѓучовечките односи и висината на платата се најважни фактори во изборот на работодавец. Веднаш по овие фактори следува работното време и можноста за учење и напредување.