Во неговата најнова епизода, Џо Хансон објаснува зошто само февруари има 28 денови (понекогаш 29) преку збунувачката историја на Римскиот календар кој бил направен од суеверие, политика и допир на астрономија.
„Кога Цезар дошол на власт, работите станале прилично збунувачки. Тој поминал доста време во Екипет, кадешто календарите со 365 денови биле доста чести, такашто тој го отфрлил лунарниот календар и го присвоил соларниот. Јануари и февруари веќе биле преместени на почетокот на годината, така што Цезар додаде 10 денови на различни месеци за да добие вкупно 365.
Бидејќи тропската година е подолга од 365 дена, Цезар додаде една престапна година на секои четири години. Со цел да направат реформа на целиот календар, 7-от и 8-от месец од годината бе преименувани во чест на „Јулиј“ и „Август“ Цезар, и покрај тоа што папата Грегориј морал да го прилагоди повторно
после 1.500 години“.