X
 20.11.2017 Образование

Децата ги преземаат училиштата за Светскиот ден на детето

Република Македонија се приклучува кон иницијативата преку поттикнување на училиштата да организираат активности наречени #ДецатаГиПреземаатУчилиштата, по повод 20 ноември, Светскиот ден на детето, велат од Министерството за образование и наука.
УНИЦЕФ во светот организира прослава, ден на акција за децата од децата. Децата од целиот свет ќе го кренат гласот во знак на солидарност со најобесправените и најранливите деца во светот.


Децата во светот денес ќе „преземат“ видни улоги за да фрлат светлина врз најгорливите предизвици со кои се соочува нивната генерација.
Од МОН ги поттикнуваат наставниците и учениците да се вклучат во проектот, со цел деацата да се поучат за конвенцијата за нивните права.

- Исто така, ве охрабруваме, училиштата кои ќе организираат „преземање“, да ги забележат желбите на секое дете и да споделат раскази, фотографии или видеоклипови на училишните профили на социјалните медиуми со помош на хаштагот #ДецатаГиПреземаатУчилиштата (#KidsTakoverSchools), за гласот на децата од Република Македонија да се чуе низ целиот свет – велат од МОН.

На нивниот сајт стои пакет за активирање на училиштата. http://mon.gov.mk/index.php/2014-07-23-14-03-24/vesti-i-nastani/2187-odbelezhuvanje-na-svetskiot-den-na-deteto-decata-gi-prezemaat-uchilishtata или на www.unicef.mk.
Подготвил: С.Ѓ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование