На Зимските олимписки игри во Јужна Кореја, кои ќе се одржат во 2018 година, гледачите ќе бидат втурнати во најцрната празнина, „раскол на просторот“, како што објаснуваат архитектите. Ќе се користи вантаблек за да се креира неспоредлив екран за време на настанот. Вантаблек е најтемниот материјал што некогаш бил креиран – толку е незамисливо црн што човечкото око има проблем да го процесира тоа што го гледа.
фото извор: Mental Floss
Со ова на учесниците и на гледачите ќе им се овозможи целосно да ги искусат карактеристиките на материјалот. Се гради објект на кој посетителите ќе наидат во Олимпискиот парк – ќе има 4 криви ѕида, а од дистанца ќе изгледа како дводимензионален објект што ќе личи на пукнатина која се забележува во длабочините на вселената. Ефектот ќе биде зголемен преку мали светла, кои ќе изгледаат како ѕвезди и ќе бидат наместени на самата структура.
Илузијата е можна затоа што објектите покриени во вантаблек се толку темни, што се смета дека се најблиску до визуелна репрезентација на црна дупка што во моментов можеме да ја креираме. Ова е вака затоа што вантаблек не е боја, туку материјал кој всушност симулира комплетно отсуство на боја, апсорбирајќи 99,99 проценти од светлината која допира до неговата површина.
Материјалот е првпат развиен пред 3 години од „Суриј нано системи“. Опремен е со јаглеродни нанотуби кои ја апсорбираат речиси целата светлина наместо да ја рефлектираат. Овој материјал, поради своите посебни карактеристики, е предмет на изучување и користење на вселенски инженери, архитекти, уметници.
Гледачите на
Олимпијадата во Јужна Кореја ќе бидат дел од навистина уникатно искуство. Како што изјавил креаторот на овој проект, на гледачите ќе им изгледа дека гледаат во длабочините на самата вселена.