Изворот на животот на Земјата останал мистерија. Многумина нудат теории и хипотези на оваа тема, но ниедна идеја досега не била докажана. Но, едно ново откритие на хемичарите од Институтот за истражување „Скрипс“ можеби ќе помогне во пронаоѓањето на одговорите за тоа како започнал животот на нашата планета, односно која е хемиската состојка што го започнала животот?
Претходно хемичарите претпоставуваа дека хемиска реакција – фосфорилација може да е круцијален дел од настанувањето на животот. Со тоа се овозможило комбинацијата од трите состојки што се критични за раните животни форми – кратките нуклеотидни нишки да ги складираат генските информации, кратките аминосинџири да го носат поголемиот дел од клеточната функција, а липидите да формираат клеточни ѕидни структури. Но, ниту една состојка способна за таква реакција што може да ги произведе овие три материи не била пронајдена досега. Хемичарите пронашле диамидифосфат, состојка која дава одговор на претходните прашања.
Студијата им дава надеж на научниците дека можеби ќе се утврди како се трансформирал животот од хемиски хаос во биологија и биохемија базирана на клетки. Други реакции се сметало дека имаат способност за споменатата хемиска реакција, но барале различни агенти за различни молекули и малку веројатни средини.
Ова откритие не е краен чекор во сфаќањето на потеклото на животот на Земјата. Изгледа дека постои бескрајна низа на теории, од практични до апсурдни, со која постои надеж дека ќе се објасни историјата на универзумот.
Како и да резултира оваа тема, сепак откритието на
хемичарите игра важна улога на ова поле. Хемиската реакција е очигледно круцијална во формирањето на биохемија базирана на клетки и создавањето на животот воопшто.