X
 06.12.2017 Образование

Учителот Том за воспитните шлаканици



Илустрација наставник и ученик
(Фото: Pixabay)



Извесен учител Том го изнесува својот брилијантен став за воспитните шлаканици и генерално за удирањето како начин на воспитување:

„Неретко луѓето само ќе ги спуштат рамената кога ќе им ги соопштам моите ставови, инсистирајќи дека сепак ќотекот има воспитен ефект. И јас сум сигурен дека има. Но постојат многу работи што се ефикасни, а јас никогаш нема да ги пробам.

Ако не се согласувам со тебе, можам да те замолчам со викање, но зар не би било подобро да се обидам да водам дебата со тебе, разумен разговор заснован на аргументи?

Ако ми требаат пари, можам да ги украдам и така да го решам проблемот, но зарем не е подобро вредно и напорно да работам и да ги заработам?

Ако ми стоиш на патот по кој сакам да поминам, можам да те турнам, но можам и љубезно да те замолам да ми направиш место да поминам.

Навистина, ќотекот може да има ефект, само што постојат многу подобри начини од него. Единствениот проблем е што за нив се потребни труд и посветеност“.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование