X
 09.08.2016 Технологија

Шведски соларни домови кои произведуваат енергија колку што трошат

Високите сметки за електрична енергија се минато за жителите на таканаречениот комплекс „Power to the People“ во Шведска.

 

svedski domovi

 

Шведската компанија „Street Monkey Architects“ ги дизајнираше соларните домови користејќи техники на пасивни куќи и модуларни монтажи - чисти минималистички палети на дрво, метал и бело-обоени површини кои даваат допир на индустриска елеганција на овие домови.

Седумте куќи од овој комплекс се поставени на крајот од две улици од исток кон запад. Архитектите ги поврзале двете улици со пат од чакал, чекор кој тие го опишуваат како „најважната одлука“ која ја донеле бидејќи ја зголемиле проодноста и видливоста на соседните улици и шумски патеки.

Секој дом е опремен со 20 соларни панели - максимален број на соларни панели дозволени од општината. Панелите се инсталирани на јужните покриви. Минималистичкиот и модерен ентериер одговара на фасадата и дава интересен елемент на „елегантен индустријализам“. Куќите кои се наоѓаат во комплексот се распродале во рок од две недели откако биле пласирани на пазарот во 2015 година.

 

Линк до галеријата.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија