X
 09.12.2017 Живот

Се продава село за цена од 125.000 евра

vila
Фото: Getty Images

Продажбата на цело место во источната германска сојузна држава Бранденбург го привлече вниманието на повеќе од 40 заинтересирани луѓе.

Алвин, населбата со селски амбиент, би требало да се продаде денес, а почетната цена изнесува 125.000 евра. Според аукциската куќа „Кархаусен“ од Берлин, купувачите ќе имаат одлична можност за купување.

Личноста што ќе стане сопственик на ова место ќе има на располагање подрачје од 16.000 квадратни метри во средината на шумата, а тука се вклучени и голем број станбени објекти, наведуваат претставниците на аукциската куќа.

Населбата ја наследиле двајца браќа после обединувањето на Германија, а се продава после смртта на еден од нив.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот