Празниците се ближат, а со нив и подоброто расположение.
Новата година и Божиќ се традиционални празници кои се слават низ целиот свет.
Ова се некои од необичните традиции што се негуваат за време на празниците, а многу го надминуваат типичното подарување, празничната трпеза и новогодишната елка.
Во Чешка, љубовта ве чека пред врата
Што ако ја сретнете сродната душа за време на празниците? Токму во ова веруваат во Чешка, а ова верување се заснова на бизарен обичај. Се очекува слободните девојки да застанат пред вратата и да фрлат чевел преку рамо. Ако чевелот падне на земја со врвот кон вратата, девојката ќе се омажи следната година.
Постојат и други традиции за „пронаоѓање љубов“, вклучувајќи ја и „вигилија“ - вечера за Божиќ во Полска кога се става слама под чаршафот. Невенчаните девојки вадат парчиња слама: зелената значи претстоен брак, а жолтата уште една година осаменост.
Во Естонија празниците се чекаат на 80 степени
Семејствата во Естонија традиционално ги подготвуваат и ги украсуваат своите домови за празниците, а потоа, пред да се прошетаат по снегот до полноќната литургија, одат на мала релаксација во сауни и бањи.
Што би можело да биде посвечено од седење во сауна на 80 степени. Но, слична прослава на Божиќ имаат и Финците.
Празничните прослави во Холандија траат со недели
Холанѓаните свети Никола го нарекуваат Синтерклас, а го прославуваат со подароци за децата на 5 декември, но светецот, според легендата, во земјата пристигнува неколку недели порано, што обично е повод за забава низ Холандија.
Според холандската легенда, Синтерклас живее во Мадрид, носи темноцрвена монашка облека и има асистент познат како Црн Пит, наречен така затоа што поминува многу време во оџаци.
Натпревар на Дедо Мразовци во Швајцарија
Годишното Светско првенство на Дедо Мраз се одржува во швајцарското село Самнаун. Тимови, облечени како Дедо Мраз, се собираат од целиот свет за да учествуваат во спортски активности како што се скијање, тркање со санки и натпревар во печење колачиња.
Оваа година дури 20 тима Дедо Мразовци се сретнаа во ова шармантно село на Источните Алпи. Тимовите учествуваа во различни категории, меѓу кои и натпревар во спуст, собирање подароци и задолжителен спуст низ оџак. По тесната борба, титулата ја освои екипата „Телешмуцлис“.
Елка украсена со пајажина
Веројатно сте слушнале за германските легенди за кисели краставички, во кои возрасните ставаат кисела краставичка на елка, а првото дете што ќе ја најде добива бонус подарок.
Ако мислевте дека е необично и различно, треба да знаете дека Украинците ги украсуваат своите новогодишни елки со пајажини.
Пајаците и нивните мрежи се сметаат за среќа меѓу Украинците. Така, наместо венци, топки и ѕвезди, тие избраа пајажина за украсување на елката. Оваа практика потсетува на одамна заборавениот украински божиќен фолклор.
Бидејќи сиромашната вдовица немала пари да ја украси елката, пајаците со солзите на нејзините деца направиле прекрасни мрежи за да ја украсат елката во текот на ноќта. Утрото на нивната врата тропнала среќата.
Насмеан трупец ги дарува децата
Тио де Надал е еден од најчудните и најсмешни божиќни обичаи во Каталонија. „Цага Тио“ е каталонската верзија на Дедо Мраз, а всушност е трупец со нацртано насмеано лице што „исфрла“ подароци за децата.
Секој ден до Божиќ децата му подаруваат слатки. Наводнувањето, подарувањето слатки, па дури и покривањето со ќебе за да не настине се дел од оваа традиција. И кога е време за подароци, децата пеат посебна песна и удираат со стапови по трупецот за да го поттикнат да исфрли подароци.
Фото: Freepik