X
 09.12.2017 Живот

Зошто е важен Ерусалим?

Израел го постави парламентот во западен Ерусалим, кога државата била прогласена во 1948 година. Потоа следело гласањето на ОН за поделба на Палестина на основа на Британскиот залог познат како „Балфур“ декларација, која го трасирала патот за создавање татковина за Евреите.

фото извор: dailymail.co.uk

Израел окупирал 78% од земјата, а останатите 22% се поделиле помеѓу Газа и Западна Банка. Палестинците го сакаат источен Ерусалем како нивен главен град. Повеќето држави, меѓу кои и Велика Британија, не го признаваат Ерусалим како главен град на Израел и ги задржале своите амбасади во Тел Авив.

Градот е важен и за христијаните и за Евреите и за муслиманите. До сега, постоеше стратегија за Ерусалим да биде предмет на преговори, со утврдување на неговиот статус во подоцните фази во мировните преговори. Но, ако Америка дојде до заклучок врз основа на сегашниот статус и ја заземе страната на Израел, многумина се плашат дека тоа ќе ги намали шансите за мировен договор. Исто така, може да ја оштети позицијата на Америка како искрен брокер помеѓу двете страни.

Ерусалим се смета за дел од светот кој го има најнеподнослив конфликт. Едно од решенијата е она во кое ерусалим би бил главен град на двете држави: Источен Ерусалим за Палестина, Западен Ерусалим за Израел. Градот го води градоначалникот и градски совет чии членови се бираат на 4 години.

фото извор: EPA

Американската амбасада во моментов е во Тел Авив. Трамп сега би можел катастрофално да ја поткопа неговата стратегија за Средниот исток во обид за фалсификување на мирот – не само помеѓу Израел и Плаестина, туку и помеѓу Израел и Саудиска Арабија. Најновиот потег на Трамп изгледа дека не е поттикнат од дипломатски калкулации, туку од ветувања од кампања и неговиот сегашен низок рејтинг.

Во 2016 година, апелирал до христијанските евангелисти и жестоките американски Евреи, преку ветување дека ќе ја премести амбасадата. Ова ветување било популарно кај гласачите, како и влијателните личности.

Речиси 90 проценти од Арапите гледаат на Израел како нивен главен непријател. А, светот, вклучувајќи ја Кина, е обединета во непризнавањето на израелското тврдење дека Ерусалем е неподелен главен град на Израел. Тајван го смета Ерусалим како главен град на Израел, а сепак Израел не го признава Тајван како држава. Позицијата пак, на Русија остава простор за главниот град да биде одреден преку мировен договор.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот