Поранешниот возач на актуелниот американски претседател ја тужи компанијата на Доналд Трамп тврдејќи дека не му биле исплатени илјадници часови прекувремена работа.
Во тужбата предадена во суд во Њујорк, возачот Ноел Синтрон (59), кој работел за Трамп и неговата фамилија повеќе од 25 години, тврди дека претседателот на САД покажал целосна нечувствителност кога на личниот шофер подолго од 12 години не му ја покачил платата.
Синтрон истакнал дека сите тие години работел од седум часот наутро, пет дена во неделата и имал од 50 до 55 работни часа во текот на една седмица.
Синтрон бил сменет кога Доналд Трамп беше избран за претседател и ставен под заштита на тајните служби.
Возачот наведува дека само во 2006 година добил покачување кога неговата годишна плата од 62.700 била зголемена на 68.000
долари.