Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп наскоро планира да го дефинира сексуалниот идентитет според половите органи кои лицето го има при раѓањето, што би можело да ги лиши трансродовите лица од можноста официјално да бидат признаени како такви.
Американското Министерство за здравство во интерен документ до кој дошле американските медиуми предлага утврдување на правните дефиниции за надворешниот идентитет.
-Полот го одредува статусот на поединецот како машко или женско, според непроменливи биолошки особини кои можат да се идентификуваат по раѓањето или пред тоа. Полот кој е наведен во изводот на лицето мора да претставува дефинитивен доказ за полот на лицето, освен ако не го побијат издржани генетски докази - пишува Министерството во предлог-
дефиницијата.