X
 09.01.2020 Култура

Листа со културни локалитети во Иран што Трамп се закани дека ќе ги нападне

Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна се закани дека ќе ги нападне иранските културни локалитети ако земјата се одмазди за убиството на Касим Сулејмани.

Иако службеници од администрацијата на Трамп дадоа сосема поинакви изјави и рекоа дека САД ќе дејствуваат во согласност со законите, Трамп ги повтори заканите за напади на локалитети важни за иранската култура.

Конвенцијата од Хаг за заштита на културниот имот во случај на вооружен конфликт од 1954 година, таргетирањето на културни локалитети го клисифицира како воено злосторство.

Во Иран има 22 културни локалитети што се прогласени за светско наследство на УНЕСКО. Локалитетите се религиозни, економски, архитектонски и социјални достигнувања.

Еве кои се тие:

1. Ерменскиот манастирски комплекс во Иран



2. Бам и неговиот културен пејзаж



3. Бисотун



4. Културниот пејзаж на Мајманд



5. Голестанскиот дворец



6. Кулата Гонбад-е Кабус

7. Историскиот град Јазд



8. Соборната џамија или „Џаме“ во Исфахан



9. Плоштадот Накш-e Џахан во Исфахан



10. Пасаргад



11. Персеполис



12. Сасанидскиот археолошки пејзаж во регионот Фарс



13. Шахр-и Сокта


14. Гробницата на шеикот Сафи Адин во Ардабил



15. Историскиот хидрауличен систем во Шуштар



16. Куполата Султанија - мавзолејот на Олџеиту



17. Градот Суза



18. Базарот во Табриз



19. Археолошкиот локалитет Тахте Солејман



20. Древниот комплекс Чога Занбил



21. Персиските градини



22. Персискиот канат
Фото: usatoday.com
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура