X
 10.12.2017 Живот

Речиси половина од луѓето веруваат во вонземјани

Речиси половина од луѓето веруваат во постоењето на вонземјани и сака со нив да контактира, покажало истражување спроведено во 24 земји кое според научниците ја објаснува трајната популарност на „Војна на ѕвездите“, 40 години по прикажувањето на првиот филм.


Според резултатите, 47 проценти од повеќе 26.000 испитаници верувале дека постои вонземјанска интелигентна цивилизација во космосот. Дури 61 процент од нив одговориле потврдно на прашањето дали веруваат во некаков облик на живот на другите планети. Меѓу оние кои веруваат дека во космосот не сме сами, 60 проценти сметаат дека треба да воспоставиме контакт со вонземјанските цивилизации.

Иако не е прво истражување кое собира гледишта за вонземјански битија, веќе слични се спроведени во Германија, Велика Британија и САД, со слични резултати, научниците велат дека ова е најголемо со толку глобален опсег.

Најмногу од луѓето кои веруваат во интелигентен вонземјански живот се од Русија, потоа Мексико и Кина, а на дното на листата се Холанѓаните, кои се присутни со 28 проценти. Истражувањето било спроведено на 15 јазици во земји кои претставуваат 62 проценти од светската популација и 80 проценти од глобалната економија.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот