X
 05.02.2015 Економија

Светската економија објаснета на еден поинаков начин


Мери е сопственик на бар во Даблин. Таа сфаќа дека речиси сите нејзини муштерии се невработени алкохоличари и како такви, не можат повеќе да го посетуваат нејзиниот бар. За да го реши проблемот, таа осмислува нов маркетиншки план со кој посетителите може да пијат сега, а платат подоцна. Таа ги забележува сите долгови.

Се слуша за оваа можност и се' повеќе луѓе доаѓаат во барот на Мери. Наскоро, таа продава најмногу алкохол од сите барови во Даблин. Со давањето на оваа слобода за плаќање на своите муштерии, Мери не добива критики кога ги зголемува цените за виното и пивото, најконзумираните пијалоци. Постепено, продажбата на Мери се зголемува масивно.

Млад и динамичен потпретседател на локална банка забележува дека долговите на муштериите се битен дел од стратегијата. Во банката, експертите смислуваат начин како да создадат големи камати и да ги претворат заемите на корисниците во гаранции со пиење и алкохол. Овие гаранции потоа се тргуваат на меѓународни пазари. Наивните инвеститори не разбираат дека гаранциите кои ги купуваат се, впрочем, долговите на невработените алкохоличари.

Сепак, цените на гаранциите продолжуваат да се покачуваат, а гаранциите наскоро стануваат најпродавани во брокерските куќи. Еден ден, иако цените на гаранциите се' уште растат, еден менаџер во локалната банка одлучува дека е време за да бара исплаќање на долговите на муштериите од барот на Мери. Тој ја известува Мери за тоа.

Мери бара исплаќање од нејзините гости, но поради нивната невработеност, тие не можат да платат за нивните долгови. Мери не може да ги исплати своите заеми и е принудена да оди во банкрот. Барот се затвора и единаесет вработени ги губат своите работни места. Преку ноќ, гаранциите со пиење и алкохол паѓаат во цените за 90%.

Паднатата вредност на гаранциите ги спречува банките да доделуваат нови заеми и престанува економската активност во општеството. Дури и производители на пијалоци кои ги обезбедувале пијалоците за барот на Мери ги инвестирале сите пари во гаранциите. Сега и тие банкротираат или ги продаваат своите компании. Се отпуштаат работници и се губат работни места.

За среќа, банката, брокерските куќи и нивните вработени се спасени од нивниот прилив на пари од нивните побратими во владата. Новите пари се добиени со новите даноци со кои се соочени вработените, средната класа, оние кои не пијат во барот на Мери.

Сега, дали ја разбирате светската економија?


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија