Отприлика една третина од студентите на докторски студии се изложени на опасност од развивање на ментално нарушување како што е депресијата, покажала неодамнешна студија. Резултатите се изведени од помал примерок од 3.659 студенти на универзитетите во Фландрија, Белгија. 90 отсто од нив студирале природни и општествени науки и се важен додаток во растечката литература за ширењето на проблемите со менталното здравје во академската заедница.
Фото: Pixabay
Ко-авторите на студијата од универзитетот Гент, Катја Левек и Фредерик Ансел, ги повикуваат докторандите повеќе да го ценат своето здравје, додавајќи: „Проблемите со менталното здравје можат да се развијат во сериозна закана за благосостојбата на личниот и професионалниот живот и да имат трајни последици на долг рок. Па, доколку се соочувате со овој проблем, треба да побарате стручна помош, дури и ако сметате дека станува збор за привремен проблем“.
Според нивното истражување, 51% од испитаниците искусиле барем два симптома на лошо ментално здравје во последните недели, а кои укажувале на психолошко нарушување. 32%, пак, забележале најмалку четири симптоми, што индицира на ризик од истородни ментални нарушувања, што е двојно пораширено меѓу високообразованите споредбени групи луѓе. Најчесто евидентираните симптоми вклучуваат чувства на постојан притисок, несреќност и депресивност, несоница предизвикана од грижи и неможност да се пребродат тешкотиите и да се ужива во секојдневни активности. Најголемиот индикатор за искусувањето предизвици по менталното здравје се потешкотиите за справување со потребите на семејството што се судираат со постојаните работни обврски. Исто така, меѓу растечките симптоми се надоврзуваат и високите барања на работата и ниската работна контрола.
И покрај тоа што истражувањето е сосредоточено на студентите во Фландрија, авторите велат дека е генерално апликативно. Тие веруваат дека нивниот труд ќе го скрши молкот за менталното здравје во
академската заедница.