X
 11.12.2017 Наука

Археолози го пронајдоа „најстарото око“ во фосил!


Око на инсект
(Фото: Pixabay)


Исклучителен фосил, стар над 530 милиони години, го содржи најверојатно досега најстарото  откриено око, објавија археолозите од Универзитетот во Единбург.

Остатоците од изумрено морско суштество содржат примитивен облик на око какво што денес може да се најде кај раковите, пчелите и вилиното коњче.

Експертите стигнале до ова откритие анализирајќи добро сочувани остатоци од членконогата трилобит, пронајдени во Естонија.

Тие предци на пајаците и раковите живееле во морињата за време на палеозоикот, пред 541 до 251 милион години.

Археолозите констатирале дека древното суштество имало примитивен облик на композитно око, оптички орган кој се состои од сплет на минијатурни клетки познати како оматидии, слични како кај денешните пчели.

Меѓународниот тим од експерти истакнува дека ова откритие сугерира дво врска со окото многу малку се променило во последниве 500 милиони години.

Професорот Јуан Кларксон од Универзитетот во Единбург истакнува: „Овој исклучителен фосил ни покажува како порано животните го гледале светот околу себе, пред стотици милиони години“.

„Извонредно е откритието дека структурата и функцијата на окото речиси нималку не се промениле во изминатите 500 милиони години“, додава тој.

Студијата, која била спроведена во соработка на Универзитетите од Единбург, Келн и Талин, е објавена во научното списание „Proceedings of the National Academy of Sciences“.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука