По објавување на фотографија од 110 милиони години стар диносаурус од страна на „National Geographic“, објавата се раширила низ Интернетот со голема брзина и привлекла големо внимание. Се работи за пронајден нов вид на нодосаурус чии остатоци сега се наоѓаат во „Royal Tyrrell Museum“ во Алберта, Канада.
фото извор: National Geographic
Старото животно е очигледно извонреден вид, чиј дел од оригинално меко ткиво е сочувано. Овој вид на диносаурус е еден од најзачуваните во светот, а неговата кожа е создадена од индивидуални слоеви, во кои има и кератин, состојката од која се сочинети нашите нокти. Научниците сега користат скенирање за да ги анализираат слоевите што подетално. Велат дека можеби ќе успеат да објаснат и нешто околу внатрешните органи, па дури и неговиот последен оброк.
Периодот во кој постоел диносаурусот сведочи за многу поразлично место од она кое денеска е Алберта во Канада. Големо море се протегало од Заливот во Мексико до Арктичкиот океан, со многу топли струи. Повеќето од диносаурусите биле пронајдени на крајбрежјето. Сепак, овој вид не бил пронајден на крајбрежје, туку на дното на античкото море, односно неговите остатоци останале зачувани во средина во која тој не ни живеел. Се претпоставува дека по неговата смрт, на некој начин неговото тело било однесено во морето. Со текот на времето,
диносаурусот најверојатно се нашол под слој од кал, а ниското ниво на кислород во морето исто така го попречиле распаѓањето. Така, со текот на времето тешките минерали ги заменувале неговите меки ткива.
Научниците тврдат дека условите под кои се случило ова се многу малку веројатни. Веруваат дека постојат уште вакви суштества на дното на морето.