На крајот од март естонските власти најавија дека се подготвени за користење на првата услуга за дигитална регистрација на возила. Новата услуга е чекор напред во процесот на дигитализацијата на администрацијата, по што е позната оваа балтичка држава.
Досега, првата регистрација на возилата се вршела со физичко присуство. Меѓутоа, отсега сопствениците на нови автомобили ќе може да направат фотографии од нивното возило и да ги прикачат онлајн за да го регистрираат. Возилото треба да биде однесено во просториите на Транспортната администрација само доколку се потребни дополнителни проверки.
- Благодарение на ова, дефинитивно ќе им заштедиме време и пари на корисниците и ќе може побрзо и поефикасно да ги завршуваме обврските бидејќи корисниците нема да мора да доаѓаат во една од нашите четири канцеларии - изјавил Џол Џеси, директор за мобилни менаџмент-услуги во естонската Транспортна администрација.
Услугата за дигитална регистрација била развиена со стартап-компанијата „Драјв-екс“, која прави апликации за проверка на возилото.
Извор:
The mayor
Насловна фотографија: Pixabay