X
 25.08.2022 Живот

Плажа во Грција каде што можете да пливате над потонат град

Општината Епидаур, која е дел од округот Арголида на Пелопонез, го има едно најзначајните археолошки наоѓалишта во Грција. Тука може да се видат остатоци од древниот град Епидаур, на пример, манастир и театар.



Едно од најуникатните искуства што може да ги имате таму е пливање над дел од остатоците од стариот град. Иако многумина ја нарекуваат „потонат град на древен Епидаур“, плажата каде што можете да го сторите тоа се нарекува Глиати или Калимниос.



Плажата е долга околу 500 метри, а доколку се одлучите да ја посетите, понесете чадор бидејќи на неа нема лежалки. Погрижете се да имате и маска за нуркање за целосно да уживате во остатоците од градот, иако тие се видливи и од површината бидејќи се на длабочина од 2 метра.

Остатоците, кои биле откриени во 1971 година, се дел од голема вила изградена во римско време, според археолозите.


Извор: Travel
Насловна фотографија: YouTube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот