X
 14.12.2017 Живот

Скопје денеска е град со најзагаден воздух во светот

Скопје денеска е град со најзагаден воздух во светот. Македонската метропола се најде на врвот на листата според загаденоста на воздухот пред градови како Делхи и Калкута во Индија, Лахор во Пакистан, Улан Батор во Монголија, Ченгду и Пекинг во Кина.



Рангирањето на градовите во светот според загаденоста на воздухот може да се следи преку апликацијата „Квалитет на воздухот“ (Air Quality), која ги прикажува податоците од загадувањето во реално време. Загаденоста се мери преку единствен индекс, кој го сочинуваат вредностите на штетните ПМ 10 честички, јаглерод моноксид, азот диоксид, сулфур диоксид и озон. Во Скопје утрово овој индекс изнесуваше 191, што е највисок споредено со сите други градови во светот. За споредба, градовите со најчист воздух денеска имаат индекс 10.

Од она што може да се прочита, воздухот во Скопје денеска е оценет како нездрав. Најзагадени делови во Скопје се Карпош и кај Ректоратот, каде што воздухот е оценет како многу нездрав. Загаденоста е голема и во Лисиче и Гази Баба каде воздухот се оценува како нездрав. Освен во Скопје, денеска екстремно загадено е и во Куманово.

Најчист воздух денеска дишат жителите на Брисел, Лисабон, Будимпешта, Прага и Загреб.   
Подготвил: Д.Ф

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот