X
 17.12.2017 Култура

Авиокомпанија нуди бесплатен лет до Австралија, под еден услов!


Авион во полетување
(Фото: Getty images)


Авиокомпанијата „Јунајтед ерлајнс“ го објави почетокот на новиот лет од Хјустон до Сиднеј, Австралија, но донела одлука да го прослави тој момент на необичен начин.

„Јунајтед ерлајнс“ бара пет луѓе чие име или презиме е Сиднеј. Петтемина најсреќни ќе добијат бесплатен билет за 18 јануари следната година, кога компанијата и официјално ќе почне со овој лет.

Наградата вклучува авиобилети до Сиднеј во економска класа за двајца и платен петдневен престој. Добитниците ќе добијат пет ноќевања во хотелот „Вестин Сиднеј“, но и ваучер во износ од 500 долари, а ќе имаат можност да ја посетат и Операта во Сиднеј. Се разбира, предвидени се и други посети.

Летот од Хјустон до Сиднеј ќе трае 17 часа и 35 минути, додека при враќање ќе трае 15 часа и 45 минути. Добитниците ќе бидат прогласени на 28 декември.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура