X
 17.12.2017 Технологија

Земји со најголем број копачи на биткоини

Биткоин-рударство е процес кој додава трансакции во блокчејн-записите на криптовалутата, но исто така отклучува и нови биткоини во системот. Процесот вклучува користење компјутерска моќ за решавање комплексни математички проблеми. Се работи за есенцијален процес во биткоин-безбедноста.


„Рударството“ сега се врши во големи, специјализирани магацини. „Рударски базени“ се групи рудари што работаат заедно, под договор дека ќе ги споделат наградите. Процесот на рударство за биткоини е толку комплексен, што количината на компјутерска моќ и на електрицитет станаа значителни. Најголемиот број рудари за биткоини можат да се најдат во земји каде што има нова технологија, но и каде што пристапот до поевтини ресурси на енергија е достапен.

Грузија

Во оваа земја компанијата „БитФјури“ е најголемата во оваа област – се развива и продава хардвери за корисници на биткоини. Се работи за водечки комплетен сервис на компаниите за  блокчејн-технологијата, а во 2016 година оваа фирма била задолжена за вадење на околу 15% од сите биткоини.

Кина

Кина најмногу извезува биткоини од сите земји, освен што создава. За тоа најмногу е задолжен фактот што има евтина електрична енергија. Најмногу рударски базени има во оваа земја.

САД

Ваква компанија во САД има во Калифорнија – „21 Inc“. Задолжена е за креирање на околу 3% од сите биткоини.

Во светот функционираат помали „рударски базени“ кои даваат свој придонес. Освен во наброените земји, 20% од останатите биткоини се вадат од места насекаде во светот.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија