Излезе годишната листа што традиционално ја составува „Линкдин“, а станува збор за листа со најбарани професии.
Овој пат „Линкдин“ направи листа на вработувања од 2015 до оваа година.
Меѓу професиите на првите места се најде експерт за вештачка интелигенција - обично инженер, истражувач или друга специјалност што се фокусира на машинско учење и вештачка интелигенција, смислувајќи работи како тоа каде има смисла да се имплементира вештачката интелигенција или изградбата на вештачко-интелигентни системи.
Во последните четири години стапката на раст за вработувања кога станува збор за оваа професија беше 74 отсто.
- Вештачката интелигенција се инфилтрира во секоја индустрија и моментално побарувачката на луѓе квалификувани за вештачка интелигенција ја надминува понудата - вели Гуи Бергер, главен економист на „Линкдин“.
Фото: Pixabay
- Ова е трета година по ред професијата што се однесува на машинско учење или вештачка интелигенција да се најде на врвот на листата, а можеме да очекуваме побарувачката да порасне - додаде тој.
Веднаш зад оваа професија се инженерите за роботика (40 отсто од годишниот раст на вработувања) и инженери за управување со податоци (37 отсто).
- Иако многу од овие професии се од технолошко поле, тие не се нужно во технолошката индустрија. Секоја компанија мора да прифати технологија на некое ниво и тоа се гледа и во овие професии - додава Бергер.
Интересно е тоа што постојат и голем број професии како експерт за успех, експерт за однос со купувачите и претставник за развој на продажбата.
Еве ја листата:
1. Експерт за вештачка интелигенција
2. Инженер за роботика
3. Дата-научник
4. Инженер за управување со податоци
5. Инженер за сигурност на веб-страници
6. Експерт за однос со клиенти
7. Претставник за развој на продажбата
8. Дата-инженер
9. Здравствен техничар