Владата ќе ги покрие долговите на државните студентски домови кои изнесуваат повеќе од 4 милиони евра, а ќе ги плати и режиските трошоци до крајот на годината.
Оваа одлука Владата ја донесе на вчерашната седница.
Министерството за образование и наука неодамна соопшти дека Државниот студентски центар „Скопје“, под чија закрила функционираат студентските домови „Стив Наумов“, „Гоце Делчев“ и „Кузман Јосифовски – Питу“ имаат долгови од 4,5 милиони евра.
Проблеми со струјата, летово имаше во студентскиот дом „Гоце Делчев“, но МОН договори исплата на долгот кон ЕВН Македонија, па студентите добија струја.